дома Магазин Филмот на Бијонсе ја пополнува празнината во кината што ја остави холивудскиот...

Филмот на Бијонсе ја пополнува празнината во кината што ја остави холивудскиот штрајк

59

Филмот заснован на хитот на американската поп ѕвезда Бијонсе „Renaissance World Tour“ ќе биде дистрибуиран на глобално ниво, објави „AMC Entertainment“, додека синџирите на кина бараат содржини за да ја пополнат празнината што ја оставаат штрајковите во Холивуд.

Филмот на Бијонсе е продукција на глобалната турнеја на пејачката ова лето, која опфати 57 концерти во 40 градови во Северна Америка и 14 низ Европа. Филмот го следи сличното издание на поп-ѕвездата Тејлор Свифт, чиј концертен филм „Eras Tour“ ќе биде дистрибуиран во кино во Северна Америка почнувајќи од 13-ти октомври.

Концертните филмови им даваат високопрофитни наслови на кина-синџирите како AMC, „Cinemark“ и „Cineplex“ за да помогнат да се пополнат празнините предизвикани од продолжениот штрајк на актерите и сценаристите во Холивуд.

„Филмот ‘Renaissance: A Film By Beyonce’ би требало да се прикажува во САД, Канада и Мексико почнувајќи од петок, 1-ви декември 2023 година“, објави AMC додавајќи дека дополнителни градовите во светот ќе бидат објавени подоцна.

Ривалот на AMC, „Cinemark“, исто така, најави дека ќе го прикаже концертниот филм во своите американски кина. Двата синџири на коно-сали најавија дека нивните стандардни билети за прикажувањаа во САД ќе чинат од 22 долари.

Интернет страницата на магазинот Variety прва извести дека Бијонсе преговара за издавање на „Renaissance“ преку AMC.



ПредходнаПад во трговијата на мало со храна, пијалаци, горива…
СледнаКаталин Карико и Дру Вајсман добитници на Нобеловата награда за физиологија или медицина