дома Свет САД ја изрекоа првата казна за вселенски отпад

САД ја изрекоа првата казна за вселенски отпад

61





Американската влада ја изрече првата казна на компанија за вселенски отпад што орбитира околу Земјата.

Би-би-си јавува дека федералната Комисија за комуникации (FCC) ја казнила компанијата „Dish Network“ со 150.000 долари затоа што не го оддалечила стариот сателит доволно далеку од другите што се уште се во употреба.

Компанијата ја признала својата одговорност за сателитот EćoStar-7. Вселенскиот отпад се однесува на делови од вселенски летала и стари сателити што остануваат во орбитата околу Земјата, но повеќе не се користат и затоа ги изложуваат другите вселенски летала со ризик од судар.

Компанијата„Dish Network“  требало да го оддалечи својот стар сателит на 300 километри од Земјата, но во 2022 година го поместила само за 120 километри, откако тој останал без гориво.

МИА

– Реклама –








ПредходнаПесните од проектот „Македонијо во срце те носиме“ утре ќе се пеат во Тетово!
СледнаМ-НАВ ги демантира наводите на претседателот на Струков Синдикат на контролори на летање (ССКЛ)