дома Македонија Автопатот Охрид-Кичево ќе биде приоритет за новата влада на ВМРО-ДПМНЕ

Автопатот Охрид-Кичево ќе биде приоритет за новата влада на ВМРО-ДПМНЕ

66





Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“, денеска во Охрид оствари средба со туристички работници, пред кои изјави дека автопатот Кичево – Охрид ќе биде приоритет на идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„Планираме да прв приоритет ни бидат проектите кои се на централно ниво да ги завршиме, како што е овој. Онаму каде што е акутно да интервенираме со реконструкција и најмалку 250 милиони евра да реалоцираме од централниот буџет за локални проекти“, рече тој.

Од страна на туристичките работници, според ВМРО-ДПМНЕ било посочено на лошата патна инфраструктура, како и дека туристи од Скопје до Охрид патуваат и повеќе од летири часа.

Според Мицкоски, автопатпот не е приоритет на ова власт која, како што посочи, “троши 200 милиони евра на проекти кои не ги гледаме.

„Ова ќе биде приоритет уште од првиот ден на новата влада, да оваа делница биде направена и пуштена во употреба. Планираме да прв приоритет ни бидат проектите кои се на централно ниво да ги завршиме, како што е овој. Онаму каде што е акутно да интервенираме со реконструкција и најмалку 250 милиони евра да реалоцираме од централниот буџет за локални проекти“, изјави Мицкоски.

– Реклама –








ПредходнаРадоичиќ сослушан откако беше приведен, ги негирал сите кривични дела
СледнаОливер Спасовски, доколку не се согласува со законот за амнестија, има две опции