Provereno

nie znaeme…

Приведен пробиштипјанец кој им се заканувал на мајката и сестрата


На 03.10.2023 во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода Р.Т.(33) од Пробиштип.

-Според пријавеното, тој упатувал закани на неговата 41-годишна сестра и неговата мајка, информира МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било задржано во ОВР Пробиштип за понатамошна постапка.



Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *