дома Македонија Кривична за жител на Сарај за „поткуп“, на сообраќајците им фрлил илјадарче...

Кривична за жител на Сарај за „поткуп“, на сообраќајците им фрлил илјадарче на седиште

55





Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.С.(50) од село Ласкарци, општина Сарај, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп” по член 358 од Кривичниот законик.

Како што денеска соопштија од МВР, на 01.08.2023, откако полициски службеници констатирале сообраќаен прекршок и го известиле дека ќе му биде изготвен прекршочен платен налог, пријавениот извадил и на совозачкото седиште од службеното возило фрлил 1.000 денари за да не го изготват налогот.

– Реклама –








ПредходнаМицкоски: „Кај Ковачевски проработел Фројд“
СледнаСветска банка предвидува економскиот раст на Македонија во 2023 година да изнесува 2,5 отсто