дома Популарно „Кратка средба со пријателите Орбан и Ковачевски“

„Кратка средба со пријателите Орбан и Ковачевски“

69





Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по пристигнувањето на Самитот на Европската политичка заедница во Гранада изјави дека очекува тешки разговори, како и дека ќе има важни билатерални средби, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ остварил и средба со премиерот Димитар Ковачевски и нивниот унгарски колега Виктор Орбан.

„Кратка средба со пријателите Орбан и Ковачевски пред почетокот на Самитот, на која ќе се разговара за голем број важни теми за денешна Европа и, се надеваме, за Западен Балкан“, напиша Вучиќ со објавена фотографија на Инстаграм профилот „будучностсрбијеав“.

Во Гранада денеска започнува Самитот на Европската политичка заедница на кој лидерите на 44 земји ќе разговараат за безбедноста, енергетиката и други прашања од интерес на целиот континент.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, најави дека на Самитот може да има и неформални средби на лидерите на ЕУ и на Западен Балкан за ситуацијата во Косово.

Извор: МИА

– Реклама –








ПредходнаЕксплозија предизвика пожар во локал во Капиштец
СледнаБлагодарение на Украина, вашите војници во моментов не се борат против Русија