дома Македонија Поевтинуваат бензините, дизелот со иста цена

Поевтинуваат бензините, дизелот со иста цена

57

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поевтинува за 2,5 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за три денари, а нема промени на цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 83,50 денари, а 85,5 денари ќе чини ЕУРОСУПЕР БС – 98. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) останува 86 денари за литар, а на маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85 денари.

За 1,691 денар се намалува и цената на Мазутот М-1 НС и килограм ќе чини 46,976 денари.

Со Одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,95 проценти во однос на одлуката од 2-ри месецов.

РКЕ информира дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 6,215 проценти, кај дизелот за 1,205 проценти, кај екстра лесното масло има намалување за 1,350 проценти, а кај мазутот намалувањето е за 4,990 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,546 проценти.

– Реклама –

ПредходнаЕвропската политичка заедница е во длабока кома, оценува „Политико“
СледнаТендерот на Државна лотарија е дискриминаторски за домашните компании, нема да учествуваме