дома Свет Словачка ја суспендира воената помош за Украина

Словачка ја суспендира воената помош за Украина

66

Словачката претседателка Зузана Чапутова денеска го отфрли планот на привремената влада за испраќање нова воена помош за Украина, велејќи дека владата нема овластување и оти партиите кои се противат на таквата поддршка преговараат за формирање влада по минатонеделните избори.

Претседателскиот кабинет денеска соопшти дека актуелната техничка влада има само ограничени овластувања, бидејќи на 15 јуни ја загуби потребната доверба во парламентот, еден месец откако Чапутова положи заклетва.

Чапутова во понеделникот го повика Роберт Фицо, чија партија Смер-Словачка социјалдемократија (СМЕР-СД) освои најмногу гласови на парламентарните избори, но не и мнозинство во парламентот, да формира влада.

Фицо вети дека ќе ја повлече воената поддршка на Словачка за Украина, а неговата победа би можела дополнително да го наруши кревкото единство во Европската унија и НАТО.

Во соопштението за печатот се наведува дека Чапутова, која е цврст поддржувач на Украина од почетокот на руската инвазија и двапати го посети Киев, не го променила својот став за неопходноста од воена помош за Украина. Но, во него се наведува и дека „одобрувањето на пакетот воена помош од страна на владата во заминување ќе создаде ризичен преседан за промена на власта по какви било идни избори“.

МИА

– Реклама –

ПредходнаБлагодарение на Украина, вашите војници во моментов не се борат против Русија
СледнаРусија планира поморска база во отцепениот грузиски регион Абхазија, тврди шефот на регионот