дома Магазин „Македонијо во срце те носиме“ во недела ќе биде во Кавадарци

„Македонијо во срце те носиме“ во недела ќе биде во Кавадарци

48

Во недела (8 октомври) убавата македонска песна ќе се слуша во Тиквешијата, а така е затоа што во самата завршница на овој дел од турнејата караванот „Македонијо во срце те носиме“ гостува во Кавадарци. Концертот е со почеток во 20:00 часот, а ќе се одржи на Градскиот плоштад.

На репертоарот и во градот сместен во срцето на Тиквешијата ќе се најдат сите 12 песни од проектот – „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“, „Ој, Вардаре“, „Оган да го гори“, „Послушајте патриоти“… и, секако, химната на овој крај „Ми заплакало село Ваташа“… Публиката на сцената ќе ги види и чуе Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски.

„Македонијо во срце те носиме“ е проект со потписот на Скендеровски продукција, а аранжманот на сите 12 песни е со потписот на Николче Мицевски. Проектот има за цел да им се продолжи векот на песните и да се испрати порака особено до младите генерации дека треба да го чуваме она што го имаме, највредното – нашата земја и нејзиното наследство.

По Кавадарци следува големото финале и последниот скопски концерт предвиден за овој дел од турнејата, која опфаќа осум града. Караванот досега ги посети Битола, Велес, Прилеп, Штип, Тетово и Кочани.

Дојдете заедно да пееме и да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и, се разбира, да го зачуваме највредното – музичкиот аманет што ни го оставиле генерациите пред нас.



ПредходнаВладо Јаневски повторно на „Макфест“: 30 години по „Чаирска романтика“ ѕвездата се враќа на фестивалот со „Златни години“ (ВИДЕО)
СледнаНа скопскиот аеродром треба да пристигнете три часа пред летот – апелираат од ТАВ