дома Економија Бектеши уверува дека цените на основните прехранбени производи нема да се зголемат

Бектеши уверува дека цените на основните прехранбени производи нема да се зголемат

54

Министерството за економија целосно стои зад Одлуката за намалување на цените на основните прехранбени производи која ја донесовме пред две недели. Најмалку до 30 ноември, до кога е на важност оваа одлука, отстапување од нејзе нема да има. Сите производи кои се опфатени во Одлуката за намалување на цените на Министерството за економија ќе останат со даночна стапка од 5 проценти, напиша на својот фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши.

Во врска со Одлуката на Министерството за финансии за повластена даночна стапка на одредени прехранбени производи, министерот Бектеши објави дека доколку има грешка во листата таа ќе се корегира.

„ Доколку во има техничка грешка во листата на производи опфатени со Одлуката на Министерството за финансии за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на ДДВ, тоа ќе биде корегирано на следната седница на Владата“, напиша министерот Бектеши и ги повика граѓаните да бидат спокојни.

Бектеши потенцира граѓаните да бидат спокојни. -Мерките кои ги носиме за заштита на стандардот на граѓаните даваат резултати. Цените на основните прехранбени производи можат само дополнително да се намалат, но не и да се зголемат, пишува тој.



ПредходнаМФ: Основните прехранбени производи и понатаму ќе се оданочуваат со најниска стапка од пет отсто
СледнаАСОМ до Груби: Вашата цел е да го преземете бизнисот со игри на среќа