дома Магазин Незаборавна забава во Fashion&Friends по повод ре-отворањето на продавницата!

Незаборавна забава во Fashion&Friends по повод ре-отворањето на продавницата!

59

Модна прошетка, коктел во рака и добра музика? Па кој не би посакал нешто такво!

Кој вчеравечер беше во Сити Мол, знае точно каде се одвиваше најдобрата забава!

Fashion Group конечно одблиску со пријателите го прослави отворањето на новата, по светски стандарди, реновирана продавница на Fashion & Friends.

Се’ беше во знакот на урбаното живеење со стил, каде се испреплетени модата, музиката, доброто расположение и уживањето во добро завршената работа.

Fashion&Friends
Fashion&Friends
Fashion&Friends
Fashion&Friends

Фантастичниот микс на диџеј Бугимен и гласот на шармантната Лина Пејоска, ја диктираа атмосферата, за која и денес се зборува! Подеднакво впечатливи беа и сите познати македонски инфлуенсери кои во исклучително шик стајлинзи од новите колекции, сликаа кампања „во живо“ во самата продавница, а присутните имаа совршена можност да видат како изгледа тоа.

Fashion&Friends не би биле тоа што се, ако не ја поттикнеа модната имагинација на присутните со внимателно одбраните есенски комбинации од новите колекции, колорит и еклектичност!

Fashion&Friends

Со оваа забава сакавме да прославиме за сите заеднички моменти со нашите пријатели кои ни будат убави спомени, да наздравиме за сите нови што допрва ќе дојдат и да прославиме за тоа што успеавме во целта – да создадеме светска продавница каква Скопје заслужува!

Fashion&Friends
Fashion&Friends
Fashion&Friends

После летната пауза, повторно пријатели со сите љубители на Fashion Group и Fashion Friends! Не можевме да замислиме подобар старт на месецот.

До следната незаборавна забава, тимот на Fashion&Friens ве чека во Сити Мол!

Fashion&Friends
Fashion&Friends
Fashion&Friends
Fashion&Friends
Fashion&Friends
Fashion&Friends
Fashion&Friends


ПредходнаАСОМ до Груби: Вашата цел е да го преземете бизнисот со игри на среќа
СледнаПриведен криминалец од Тетово баран со потерница