Постојат пресвртници и моменти во животот кога визијата за „што со себе понатаму“ станува кристално јасна, и без двоумење конечно го правите вистинскиот чекор на патеката за освојување на среќата.
За таква една промена која мотивира и охрабрувачки ја потврдува изреката „никогаш не е доцна за промени“ зборува приказната на Слаѓана Печиќ-Стевковска, која живее во Чикаго, но шансата за промена на својот животен повик ја наоѓа токму во Скопје.
Таа долги години работела во Америка како психолошки советник, но поради стресните и напорните околности во професијата, решава да се посвети на сосема друга област, козметика и третман на кожата, а обуките за тоа започнува да ги прави во Центарот Beauty&Academy, на својот престој во Скопје.
Бидејќи веќе била решена за промена во кариерата и веќе имала идеја што би сакала да работи, случајно нејзина пријателка ѝ предложила да ја разгледа можноста кога веќе е во Скопје да ја посети Институцијата за козметички третмани и за едукација Beauty&Academy, од каде што почнува всушност и нејзината приказна која ќе ѝ овозможи да отвори свој бизнис во Америка.
„Родена сум во Чикаго и живеам таму. Моите родители по потекло се од Црна Гора. Од 17 години почнав да работам во продавници за козметика. Тоа го правев 10 години додека завршив факултет и магистрирав. Магистрирав психолошки советник и работев државна работа со деца и стари лица со аутизам и посебни потреби. Тоа го правев шест години, но работата беше многу стресна. Покрај сѐ, морав да правам и домашни посети на пациентите за да проверам дали ја добиле потребната помош од државата, дали училиштето им ја обезбедило потребната едукација според програмата, посредував да добијат пари како помош од државата, проверував и дали ја добиле потребната лекарска помош. Морав редовно да го посетувам секој пациент и на сите да им обезбедам подобри услови за живот. Во првите 4 години имав 39 пациенти и беше доста стресно, но потоа почнаа да ми даваат уште повеќе пациенти, а дел од нив беа и со психички проблеми, што беше многу тешко. Воглавно беше речиси невозможно да се разберете со нив, а многупати не сакаа да ме слушаат ниту мене, ни државата, па ни нивното семејство. Поради работата имав голем стрес кој ми донесе и здравствени проблеми. Штом се разболев, сфатив дека и покрај тоа што сакам да им помогнам на тие луѓе, моето здравје е најважно и ми треба промена. Решив да не избрзувам и да изберам што навистина ме привлекува и да бидам среќна и задоволна, наместо да барам работа која само ми дава добра плата. Видов дека имав шанса да почнам да го правам она што навистина го посакував, а тоа е нега на лицето, вклучувајќи трајна шминка, трепки, веѓи, усни и слично.
Мојот сопруг е од Скопје и секоја година доаѓаме во Македонија барем двапати. Оваа година дојдовме на одмор во Скопје во мај. Кога и да дојдеме во Скопје, одам кај другарка ми Елена (која е професионален фризер) да си ја средам косата, па и реков дека планирам да одам на обука за средување на трепките. Елена ми рече да не губам време и ми препорача да одам кај Јелена од Beauty & Academy на обуки“, раскажува Слаѓана.
A, поради тоа што немала доволно време, првично успеала да се обучи за техники за средување на трепките. Но, уверена дека можностите што и се нудат во Beauty & Academy дефинитивно можат да и дадат вистинска поткрепа во идејата за поинаков професионален развој и отворање на свој салон, таа решава да се врати во Скопје повторно во август за да ја продолжи својата едукација во Центарот.
„Секој ден доаѓав на Академијата да учам. Научив третман на лице со колагенски конци, Labelino Lips, Powder browder, Laser отстранување тетоважи, Derma Pen и Microblading. Јелена е многу добар ментор и секогаш се труди максимално да ме научи и да ме подготви што повеќе за да не губам време и веднаш да почнам да работам кога ќе се вратам. Јелена и нејзиниот тим се многу љубезни и пријатни. Секогаш даваат сѐ од себе и си помагаат, што создава атмосфера не само на колегијалност, туку и на едно среќно семејство“, со задоволство истакнува Слаѓана и дополнува дека уникатноста што и се нуди во оваа Академија е тоа што не само што учи, добива можност и да работи на модели.
Ова е само една од успешните приказни зад кои стои Јелена и нејзиниот тим како веќе претпознатлив бренд, кои несебично и најпрофесионално оставаат свој печат во доменот на третман на кожата на лицето и на телото.