дома Економија Владата ќе ја зголемува акцизата за половни возила што се увезуваат во...

Владата ќе ја зголемува акцизата за половни возила што се увезуваат во земјата

49

Следува уште една даночна промена – увезените половни возила ќе добијат повисока акциза. Министерството за финансии работи на тоа, а веќе во вторник и Владата ќе го разгледува предлогот, пишува порталот Пари.ком. мк.

„По сеопфатните дискусии за измена и дополнување на Уредбата за начинот на пресметка на данокот на моторни возила и на износите потребни за пресметка на данокот на моторни возила со цел пропишување на корелација за пресметка на данокот согласно новата WLTP метода, а во рамки на проектот со Светската банка за унапредување на оданочувањето на моторните возила, Министерството за финансии во соработка со Царинската управа подготви предлог корелациона табела.

Истата е дополнета со нов предлог во кој се земени предвид сугестиите на дел од бизнис заедницата“, се наведува во дописот од Министерството.

Од коморите се бара предлозите да ги достават до членките – увозници на патнички моторни возила и да испратат по еден свој претставник на средбата во финансии, дознава Пари.



ПредходнаАмериканка го исполни својот животен сон со Beauty&Academy
СледнаГрин машинс на Брако на саем во Тексас