дома Свет Дејли мејл: Светското првенство во 2034 година ќе се одржи во Саудиска...

Дејли мејл: Светското првенство во 2034 година ќе се одржи во Саудиска Арабија

51





Домаќин на Светското фудбалско првенство во 2034 година ќе биде Саудиска Арабија. „Daily Mail“, повикувајќи се на извори блиски до раководството на ФИФА, тврди дека веќе е направен изборот во корист на блискоисточната земја.

„Домаќинот на Светското првенство во 2034 година во Саудиска Арабија не само што е веројатно, тоа е веќе практично решено прашање. Парите повторно проговорија, овој настан ќе и донесе милијарди на ФИФА“, изјавија за весникот запознаени со ситуацијата.

Забележано е дека оваа ситуација ги иритира претставниците на Австралија, која исто така конкурира за турнирот.

Се очекува Саудиска Арабија да освои мнозинство од 47-те гласови во Азија и сите 54 гласови во Африка.

МИА

– Реклама –








ПредходнаСе зголемуваат данокот и царината за увоз на возила
СледнаСе зголемува бројот на пријавени македонски државјани кои се наоѓаат во Израел, формиран кризен штаб