Provereno

nie znaeme…

НАТО е подготвен да го зачува мирот на Косово






Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека силите на алијансата се подготвени да го одржат мирот на Косово и дека „нема да дозволат враќање на насилството што го зафати регионот во 1990-тите“.
Столтенберг во интервју за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ ја истакна важноста на дипломатските напори за решавање на косовското прашање.

Тој ги повика Србија и Косово да се вратат на преговорите со помош на ЕУ, нагласувајќи дека тоа е единственото остварливо средство за постигнување траен мир во регионот.

„Сакам да кажам дека силите на НАТО се подготвени да го зачуваат мирот на Косово“, рече Столтенберг, додавајќи дека е длабоко загрижен за моменталната ситуација.

Тој ја истакна посветеноста на НАТО за одржување на мирот и безбедноста во регионот.

МИА

– Реклама –








Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *