дома Свет Претседателот на Иран ја поддржува „легитимната одбрана на палестинската нација“

Претседателот на Иран ја поддржува „легитимната одбрана на палестинската нација“

52





Иранскиот претседател Ибрахим Раиси денеска изјави дека ја поддржува „легитимната одбрана на палестинската нација“, наведувајќи дека „ционистичкиот режим и неговите поддржувачи се одговорни за нестабилноста во регионот“.

Али Шамхани, политички советник на врховниот лидер на Иран, на социјалната платформа Х рече дека нападот на Хамас е „решителна, единствена и ефикасна“ операција која е легитимна одбрана.

„Палестинскиот отпор е зрело и независно движење чија моќ произлегува од широката јавна поддршка“, додаде тој.

МИА

– Реклама –








ПредходнаПравилата се сменија, одговорот на Израел во Газа ќе се памти во следните 50 години
СледнаВојната може да биде долга и тешка