дома Свет САД „Веројатно“ ќе дадат детали за новата воена помош за Израел

САД „Веројатно“ ќе дадат детали за новата воена помош за Израел

58





САД, близок сојузник и главен снабдувач со оружје на Израел, би можеле денеска да објават нова воена поддршка за земјата по нападот на Хамас, изјави државниот секретар Антони Блинкен.

„Ги разгледуваме конкретните дополнителни барања што ги направија Израелците. Мислам дека најверојатно ќе слушнете повеќе за тоа во текот на денов“, изјави Блинкен за Си-Ен-Ен.

„Насоката на претседателот Бајден беше да се погрижи да му обезбедиме на Израел сè што му треба во овој момент за да се справи со нападите од Хамас“.

МИА

– Реклама –








ПредходнаПалестинските власти бараат вонредна седница на Арапска лига поради „бруталната агресија врз палестинскиот народ“
СледнаИма извештаи дека неколку Американци се убиени во Израел