дома Свет Украина зимава очекува рекорден број руски напади со дронови

Украина зимава очекува рекорден број руски напади со дронови

55





Украинските ВВС очекуваат рекорден број напади со руски беспилотни летала на територијата на својата земја оваа зима, изјави нивниот портпарол Јуриј Инхат.

Инхат рече дека бројките од септември покажуваат дека бројот на беспилотни летала Шахед користени од Русија ќе го надмине минатогодишниот биланс.

„Оваа есен и зима… веќе е рекорд во однос на бројот на дронови Шахед. Над 500 (беа користени) во септември“, рече Инхат во интервју за украинската телевизија.

Тој го спореди бројот со руските воздушни напади во Украина минатата година, кога рече дека околу 1.000 беспилотни летала Шахед биле користени за шест месеци.

МИА

– Реклама –








ПредходнаФранција, Украина и Германија потврдија дека свои државјани меѓу убиените или киднапираните во Израел
СледнаДополнителна американска помош е на пат кон Израел