Емили Ратајковски беше „уловена“ на њујоршките улици како излегува во секси-комбинација, која дефинитивно бара смелост и самодоверба. За среќа, на убавата бринета никогаш не ѝ недостасувала некоја од овие особини.
Таа со години практично секојдневно на социјалните мрежи споделува фотографии од својата совршена фигура и со задоволство се фали со неа.
Популарната манекенка овој пат чекореше по улица во целосно проѕирен црн фустан од тул, кој ја следи линијата на телото и великодушно покажува буквално се’.
Емили под оваа оскудна креација носеше едноставен комплет долна облека – црни градник и танга-гаќички, истакнувајќи го своето извајано тело, тенка половина, долги нозе, рамен стомак и убаво деколте.