дома Популарно Има извештаи дека неколку Американци се убиени во Израел

Има извештаи дека неколку Американци се убиени во Израел

67





Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека американската влада добила извештаи дека неколку Американци се убиени во Израел и официјални лица се обидуваат да ги потврдат тие информации.

Блинкен го нарече нападот најлошиот од војната во Јом Кипур во 1973 година. Според него сепак постоела фундаментална разлика.

„Тоа беше војна меѓу држава-држава, држава-земја, војска-армија. Ова е масовен терористички напад кој ги убива израелските цивили во нивните градови, во нивните домови. Како што видовме тие буквално влечат луѓе преку границата со Газа, вклучително и човек кој го преживеал холокаустот и е во инвалидска количка, жени и деца. Така, можете да замислите какво влијание има ова низ Израел и светот треба да биде револтиран од она што го виде“, рече Блинкен.

МИА

– Реклама –








ПредходнаСАД „Веројатно“ ќе дадат детали за новата воена помош за Израел
СледнаВо тек е акција за извлекување на штипскиот пожарникар кој исчезна при гасењето на пожарот на планината Серта