дома Свет Северна Кореја значително го зголемила бројот на пратки за Русија

Северна Кореја значително го зголемила бројот на пратки за Русија

65





Анализата на сателитските снимки од железницата во севернокорејскиот град Туманганг укажува дека е зголеме бројт на пратки од Северна Кореја за Русија.

Во анализата на јужнокорејскиот проект „Бејонд паралел“ (Beyond Parallela) се посочува дека на 5 октомври забележани се 73 товарни вагони на железничката станица во Туманганг, за кои се претпоставува дека пренесуваат оружје.

Туманганг е лоциран на границата со Русија и затоа се претпоставува дека товарните вагони пренесуваат оружје.

Претходно, неименуван американски владин функционер изјави дека Северна Кореја почнала да транспортира артилерија во Русија.

Воените трансфери помеѓу Северна Кореја и Русија се спротивни на повеќе резолуции на Советот за безбедност на ОН и би биле предмет на дополнителни санкции од страна на САД и нивните сојузници.

МИА

– Реклама –








ПредходнаВо тек е акција за извлекување на штипскиот пожарникар кој исчезна при гасењето на пожарот на планината Серта
СледнаНајмалку пет земји членки на ЕУ мислат дека не заслужуваме ниту почеток на преговори за ЕУ