дома Свет Германија привремено ја запира развојната помош за Палестинците

Германија привремено ја запира развојната помош за Палестинците

67

Германија привремено ја запре финансиската помош за соработка со палестинските територии по нападот на Хамас врз Израел, соопшти денеска Катарина Куфен, портпаролка на Федералното министерство за економска соработка и развој.

Сега програмите ќе бидат сеопфатно разгледани, рече таа на прес-конференција во Берлин.

Куфен потсети дека за оваа и за следната година биле ветени околу 125 милиони евра за билатерална развојна соработка.

Куфен рече дека станува збор за долгорочна развојна соработка, наведувајќи ги како примери „водовод и канализација, постројка за десалинизација, стручна обука, отворање работни места за млади и безбедност на храната“.

Во текот на викендот, кога започна конфликтот, министерката за развој Свења Шулце потврди дека федералната влада ќе ја разгледа својата севкупна посветеност на палестинските територии.

Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи, исто така, рече дека иако помошта за развој е суспендирана, Германија ќе продолжи да обезбедува хуманитарна помош за палестинските територии преку меѓународните хуманитарни агенции.

МИА

– Реклама –

ПредходнаПриведен маж од крушевско за намерно предизвикување на пожар
СледнаБи свикал лидерска средба, ако се согласат претседателите на партиите