дома Свет Суспендирани четворица фудбалери на ПСЖ поради хомофобија

Суспендирани четворица фудбалери на ПСЖ поради хомофобија

54





Фудбалерите на францускиот првак ПСЖ, Рандал Коло Муани, Усман Дембеле, Ашраф Хакими и Лајвин Курзава, се суспендирани еден натпревар поради хомофобични пораки, објави денеска Професионалната фудбалска лига (ЛФП), под чија надлежност е клупскиот фудбал во земјата.

Муани, Дембеле, Хакими и Курзава се казнети поради инцидент што се случи на 24 септември кога по триумфот над Олимпик Марсеј (4-0) заедно со навивачите пееја навредливи песни упатени кон клубот од Марсеј.

Казнет е и ПСЖ со затворање на трибината на која се лоцирани најверните навивачи на парискиот клуб на два натпревари, од кои едниот условно.

ПСЖ соопшти дека казната е преголема, но оти нема да се жали на одлуката на ЛФП.

МИА

– Реклама –








Предходна„Секоја идиотска акција против Иран ќе наиде на разорен одговор“
СледнаСиндикалната минимална кошничка за месец септември изнесува 48.379 денари