дома Економија Маркетите ја почитуваат „гарантираната цена“

Маркетите ја почитуваат „гарантираната цена“

57

Маркетите ги почитуваат мерките што се однесуваат на „гарантираната цена“, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Според него, некои производи како млекото и месото, веќе бележат поевтинување од 10 до 40 отсто.

-Мерките што се однесуваат на „гарантираната цена“ се почитуваат во маркетите без никаква селективност и веќе гледаме дека има намалување на цените на основни прехранбени производи од 10 до 30 и 40 проценти. Тоа се млекото, месото, производи од делот на зеленчукот, овошјето и тоа може да се види во маркетите, истакна премиерот, одговорајжи на новинарски прашања по конференцијата „Македонска економија-довербата расте“.

Тој уште еднаш напомена дека владините политики даваат резултат.



ПредходнаИнфлацијата во септември поголема за 6,6 отсто
СледнаКовачевски: Имаме најнизок ДДВ во регинот и најголема листа на производи со повластена стапка од пет отсто