Владата денеска организира настан #МКЕкономија „Довербата расте” наменет за компаниите корисници по Законот за финансиска поддршка на инвестиции.
Како што соопштија од владината прес-служба, пред компаниите ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, како и министерот за економија Крешник Бектеши.
Дополнително, на настанот ќе се одржи и инфо сесија за компаниите со процедурите за користење на поддршката од Законот, а дел од компаниите ќе ги презентираат и резултатите од нивните инвестициски циклуси како и резултатите од поддршката од Владата преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите.
Законот за финансиска поддршка на инвестициите е донесен во 2018 година. Со Владина поддршка за домашните компании од 2018 до 2023 година се поддржани 919 компании со 100 милиони евра.