Provereno

nie znaeme…

САД не сакаат цивилите да гинат ниту во Газа, ниту во Израел






САД не сакаат никаде да гинат невини цивили вклучително и во Газа и во Израел, изјави портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.

„Фокусирани сме да се осигураме дека Израел го има она што му е потребно за да се одбрани и да дејствува против Хамас, а првата транша од воената помош е на пат за Израел додека зборуваме“, наведе Кирби во интервју за Си-ен-ен.

На прашањето дали САД го предупредиле Израел за цивилни жртви, Кирби одговори:

„Не сакаме невини цивили да умираат насекаде во светот, а тоа секако ги вклучува Газа и Израел“.

„Хамас веќе уби премногу невини цивили од почетокот на нападот врз Израел во саботата“, додаде Кирби.

МИА

– Реклама –








Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *