дома Магазин ФОТО I Лепа Брена пеела за 50.000 евра на геј свадба во...

ФОТО I Лепа Брена пеела за 50.000 евра на геј свадба во Палма де Мајорка

51

Лепа Брена пеела на геј свадба во Палма де Мајорка, која младенците ги чинела дури 50.000 евра. Имено, архитект од Хрватска и стилист од Србија се заколнале на вечна љубов еден на друг.

Пејачката дошла на забавата на покана на белграѓанец, кој со години гради кариера во светската модна индустрија, а со партнерот е во врска 10 години. Како што дознава српски „Курир“, за овој ангажман добила 30.000 евра, но младенците потрошиле уште 20.000. Со Брена патувал целиот нејзин бенд.

Штотуку венчаниот пар и обезбедил кралски третман – на аеродромот „Никола Тесла“ во Сурчин, од каде што полетала, ја чекал приватен авион, а на островот била шест дена, во луксузен хотел каде ноќевање надвор од сезона чини 500 евра. Младенците не штеделе пари, бидејќи стилистот од Србија е жесток обожавател на пејачката уште од детството. Според извор запознаен со деталите од оваа свадба, тој сакал Брена да пее на неговата свадба и сега му се остварило. За веселбата на парот се уште се зборува, а атмосферата да биде комплетна придонела и Лепа Брена. Таа пеела час и половина.

На забавата присуствувале членови на нивните семејства и пријатели од целиот свет. За сите било организирано дружење и разгледување на градот. Венчавката се одржала во населбата каде што Мајк Даглас и Џорџ Клуни имаат куќи и каде што се спојуваат планинската и морската клима.

Стилистот ја ангажирал Брена пред неколку месеци, а како што велат нивните пријатели, имал намера дури и да ја одложи свадбата доколку таа била зафатена тој ден.

ФОТО: Инстаграм



ПредходнаВо интерес на Русија е да се разгори војна на Блискиот Исток
СледнаДневен хороскоп за вторник, 10-ти октомври 2023-та