дома Свет Јеменските хути ќе го нападнат Израел ако САД интервенираат во конфликтот во...

Јеменските хути ќе го нападнат Израел ако САД интервенираат во конфликтот во Газа

61





Јеменските бунтовници хути, поддржани од Иран, денеска се заканија дека ќе го нападнат Израел со „ракети и беспилотни летала“ доколку САД воено интервенираат во војната меѓу исламистичките палестински милиции во Појасот Газа и Израел.

„Ако Американците директно интервенираат воено, ние сме подготвени да учествуваме со ракетни напади, беспилотни летала и (други) воени опции најдобро што можеме“, рече лидерот на шиитското вооружено движење, Абделмалек ал Хути во телевизиски говор.

Лидерот на Хутите потврди дека групата е „во континуирана координација“ со исламистичките милиции во Газа, вклучувајќи ги Хамас и палестинскиот Исламски џихад, како и со „оската на отпорот“, мислејќи на други движења како што се либанскиот Хезболах или ирачките вооружени групи поврзани со Иран.

„Постојат црвени линии кога станува збор за Газа“, рече тој.

МИА

– Реклама –








ПредходнаВо Газа досега 830 загинати, но прекините на интернетот влијаат на ажурирањето
СледнаИма докази за воени злосторства од двете страни