дома Економија Владата донесе одлука од петок да поскапат цигарите, пурите и цигарилосите

Владата донесе одлука од петок да поскапат цигарите, пурите и цигарилосите

56

Од 13 .10 петок, стапуваат во сила измените и дополнувањата на законот за акцизите кои се зголемени за цигарите, пурите и цигарилосите. За цигарите акцизата ќе изнесува 9% од малопродажната цена по кутија.

За пурите акцизата ќе изнесува 21,73 денари по парче и 9% од малопродажната цена, додека за цигарилосите 10 денари по парче и 9% од малопродажната цена.

Увозниците на цигари и пури се жалат дека со овие проемни се дестимулирало работењето, и се стимулира шверцот, и тврдат дека владите никогаш со нив не се консултираат пред да носат вакви одлуки.

Од друга страна, акцизата за цигари во Македонија е меѓу најниските во Европа, а цената на цигарите и пурите е далеку пониска отколку во европските земји и регионот.



ПредходнаДневен хороскоп за среда, 11-ти октомври 2023-та
СледнаПретрес во скопско, пронајдена дрога, оружје, пари…