Министерството за финансии издало државна обврзница со која се задолжило за близу 10 милиони евра, пари кои треба да ги врати после две години, односно на 5 октомври 2025 година.
Станува збор за двегодишна државна обврзница, за разлика од претходните државни обврзници кои се издаваа со рок на доспевање од 15 години, односно нивното достасување е до 2038 година.
Затоа и кај оваа државна обврзница е помала каматната стапка, односно таа изнесува 4,75 отсто, наспроти 6,15 проценти колку што имаа годишна каматна стапка претходните 15 годишни државни обврзници.