Американската агенција за вселенски истражувања NASA ѝ претстави на јавноста во средаата примерок од почва богат со јаглерод земен од површина на астероид кој научниците го принашле во цврство затворената капсула која во септември е вратена на Земјата по посетарата со астероидот познат како 101955 Bennu.
Мал дел од материјалот кој пред три години го собрал вселенското летало OSIRIS-REx од астероидот 101955 Bennu во близина на Земјата оретставен е во салата на NASA во вселенскиот сентар „Џонсон“ во Хјустон, малку повеќе од две седмици иоткако со падобран беше спуштен во постината во Јута.
Слетувањето на повратната капсула беше крај на седумгодишната заедничка мисија на NASA и Универзитетот Аризона. Ова е само третиот примерок од астероид, и далеку најголем, некогаш вратен на Земјата поради анализа, по двете слични мисии на јапонската вселннска агенцаија кои завршија во 2010 и во 2020 година.
„Ваквите денови и натаму ме одушевуваат“, изјави шефот на NASA, Бил Нелсон од сцената додека на екранот ја прикажуваше првата слика од материјалот преземен од 101955 Bennu.
На фотографиите е прикажана група мали камења со боја на јаглен, камечиња и прашина за која е утврдено дека останале на дното од уредот за собирањето примероци и поклопецот кога почвата од астероидот била всмукана во резервоарот за чување во вселенското летало.
Астероидот 101955 Bennu е мало вселенско тело богато со јаглерод, откриено во 1999 година. Се чини дека е составено од растресита група камења, како купови од урнатини, според научниците. Дијаметарот изнесува 500 метри, што го прави мал во споредба со астероидот Chicxulub кој удрил во Земјата пред околу 66 милиони години уништувајќи ја популацијата на диносаурисите.
Техничарите сѐ уште се во процесот на методично демонтирање на хардверот кој го опкружува резервоарот, кој останува неотворен и содржи најголем дел од примероците. Меѓутоа, „бонусот“ од примерокот од материјалот на дното од уредот и на поклопецот веднаш е испитан со електронски микроскопи и со ренгенски инструменти, изјави Данте Лорета, главен истражувач на мисијата при Универзитетот Аризона.
Она што го принашле бил материјал со висок удел на јаглерод, како и молекули на вода кристализирани во глинените влакна, појасни Лорета. Рече дека научниците ја постигнале својата цел, целиот примерок да одржат негибнат и без земска контаминација.
Даниел Главин, виш научник во центарот на NASA за вселенски истражувања „Годард“, изајви дека со раната анализа е утврдено деја материјалот е „преполн со органски материи“.
Прелиминарните наоди укажуваат на веројатноста за натамошни откритија коишто ја поткрепуваат хипотезата дека вселенските објекит како кометите, астероидиттет и метеоритите кои ја бомбардирале раната Земја за засипале маладата планета со стостојките неопходни за појава на животот.
Како и другите астероиди, и 101955 Bennu е остаток од раниот Сончев систем. Имајќи предив дека неговата денешна хемија и минералогијата се речиси непроменети од настанувањето пред околу 4,5 милијарди години, тој содржи траги за потеклото и развојот на карпестите планети како Земјата.
Капсулата е првобитно прегледана на полигонот за тестирање и обука во Јута во близина на местото на слетувањето, а потоа е префрлена во Хјустон поради натамошно испитување во посебно изградена „чиста соба“ во институцијата за чување астероидски материјал во Вселенскиот центар Џонсон.
Во наредните месеци, севкупниот примерок од астероидот би требало да биде поделен во помали примероци кои им се ветени на околу 200 научници во 60 лаборатории ширум светот.
Во моментот на слетувањето, проценето е дека примерокот од 101955 Bennu тежел околу 250 грама, значително над минималното количество од 60 грама на колку што научниците се надевале да ја соберат. Попрецизните мерења ќе бидат извршени по целосното отворање на резервоарот.
Леталото OSIRIS-REx беше лансирано во 2016 година а до 101955 Bennu стаса во 2018 година, потоа мина речиси две години кружејќи околу астероидот пред да се приближи доволно и на 20-ти октомври 2020 година со својата роботска рака да зграпчи примерок од растреситиот површински материјал.
NASA во четвртокот би требало да покрене посебна мисија на поодалечениот астероид наречен Psyche, вселенско тело богато со метали за кои се верува дека се остаток од јадрото на протопланета и најголем познат метален објект во Сончевиот систем.