дома Македонија Владата нема капацитет да ги извлече нашите граѓани од Израел, вели Мицкоски

Владата нема капацитет да ги извлече нашите граѓани од Израел, вели Мицкоски

61





Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска ја критикуваше Владата дека нема капацитет да ги извлече македонските граѓани кои се наоѓаат во Израел.

Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на општина Аеродром, Мицкоски рече дека македонските државјани се оставени сами да се снаоѓаат.

– Она што можам да го кажам во овој момент е дека таму имаме заглавено македонски граѓани кои, за жал, се снаоѓаат кој како умее и знае затоа што во Владата се оптоварени во насока на тоа кој повеќе тендери да украде, кој повеќе провизии да собере и кој повеќе би рекол да направи скандали. Тоа не е добро бидејќи гледаме како околните држави праќаат чартер летови. Државјани на Црна Гора, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина се веќе тука, а за нашите сограѓани нема кој да води сметка и да ги донесе, рече Мицкоски.

Од Министерството за надворешни работи денеска информираа дека досега се контактирани 150 македонски државјани од Израел од кои 60 веќе се пристигнати во земјава, а останатите 90 се очекува да пристигнат утре. Од загрозените подрачја, како што денеска појасни министерот за надворешни работи Бујар Османи, контактирани се околу 22 лица од кои петмина синоќа, а 17-тина денеска треба да пристигнат со авион на ародромот во Атина. Македонската амбасада во Каиро, како што рече, е во контакт со едно семејство кое не успеало да излезе од појасот Газа пред затворање на граничниот премин со Египет и се прават напори за нивно извлекување.

– Реклама –








ПредходнаЕдинственото место на Германија е со Израел
СледнаСо одлуката за даноците ќе бидат опфатени луксузните возила и оние кои испуштаат повеќе CO2