дома Магазин Познати сите учесници на „Макфест 2023“

Познати сите учесници на „Макфест 2023“

56

Фестивалот на забавни мелодии “МАКФЕСТ 2023“ – Штип, денес, 12-ти Октомври (Четврток) со почеток во 12.00 часот во хотел ХИЛТОН  во Скопје ја одржa првата  предфестивалска PRESS конференција.

На неа обзнанети сите детали и поединости околу одржувањето на годинешниот  „Макфест 2023“, како и комплетните листи на учесници на двете фестивалски вечери, изведбите, правилата и пропозициите… и сето останато што ќе се случува годинава на најреномиранот македонски фестивал на забавна музика.

Пресот го отвори градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, кој во својство на прв човек на организаторот говореше за суштината, значењето, улогата и сето она што „Макфест“ како фестивал значи не смо за општината и нејзината околина, туку и за цела македонија, македонската култура и јазик и националниот идентитет воопшто. При тоа потенцирајќи дека брендот кој трае цели 38 години продолжува да се негува, но на  нов,современ, модерен начин, најмногу близок до младите и нивното поимање на новите музички правци.

Уметничкиот директор на фестивалот, композиторот и музичар Роберт Саздов потенцираше  дека годинешново издание во двете фестивалски вечери има потенцијал да изросди повеќе хитови отколку една Евровизија. Дека песните се модерни, современи, жанровски различни, но певливи и бргу допираат до публиката.

Главниот кординатор на Макфест како претставник од организаторот – општина Штип, Александар Арсовски говореше за техничко – организационите детали на годинешниот „Макфест“  кој со помош од срдствата од општината, помагателите и спонзорите ќе добие една сосема нова компонента како во содржинскиот, така и во техничко-визуелниот квалитет и понуда.

Како што веќе беше најавено, поповеќе од три децении, на сцената на најугледниот фестивал на збавни песни во Македонија, се враќа и една од од најголемите македонски поп ѕвезди на сите времиња – Владо Јаневски. Тој на прес конференцијата направи емотивен осврт и носталгична прошетка по спомените од фестивалските години, потсетувајќи ги новинарите дека на сцената на домот на културата во Штип е уште од првиот „Макфест“. Тогаш како клавијатурист на групата „Бон Тон“ во нивната тогашна песна „Старо купувам“, за подоцна и самиот да биде дел ѕвездените учесници со неговите „Еден бакнеж“ и „Чаирска романтика“, а сега со неговата нова фестивалска тема во најава „Златни години“. аневски исто така говореше за аначењето и улогата на „Макфест“ за Штип, Македонија, но и за младите имиња кои допрва доаѓаат на естрадната сцена.

Членот на уметничкиот совет Јован Јованов која за оваа цел допатува директно од Канада каде последниве години живее и работи, зборуваше за сценскиот изглед на годинешното фестивалско издание, како и за целокупниот визуелен дизајн, но и за застапеноста на современите форми на презентација на фестивалот и неговите содржини преку постојните Интернет платформи и социјалните мрежи.

Пред бројните претставници на медиумите и дел од пејачите  кои беа присутни низ посебна видеопрезентација на видеобимот беа претставени сите учесници…

По 13 во секоја од двете фестивалски вечери, со визуелна најава на изведувачот, името на песната и аудио на рефренот од истата, која ќе ја изведува.

Споменатите протагонисти на крајот одговараа на прашањата од новинарите, а целата Прес конференција ја модерираше официјалниот ПР на „Макфест 2023“, новинарот и водител Антонио Димитриевски кој меѓудругото појасни дека и двете фестивалски вечери на „Макфест 2023“ ќе бидат директно пренесувани на националниот сервис, на првиот канал на МТВ 1, но и на првата програма на Македонското радио- радио Скопје.

Инаку текот на ПРЕСС конференција во живо беше пренесува преку лајв стриминг од страна на Интернет телевизијата „Џингл ТВ“ од Скопје, па така истата можеше во живо да ја проследи целата македонска јавност на Интернет.

По официјалниот дел на ПРЕСС-от следуваше коктел дружење со претставниците на медиумите, како и со дел од пејачите – учесници на годинешниов „Макфест 2023“ кои дојдоа да присуствуваат на прес конференцијата.

 

 

 



ПредходнаБлинкен му порача на Нетанјаху дека САД секогаш ќе стојат покрај Израел
СледнаЈанкулоска од 1 ноември на условен отпуст, Апелација ѝ ја уважи жалбата