дома Свет „Хамас не се плаши од распоредување израелски сили во Газа, ние сме...

„Хамас не се плаши од распоредување израелски сили во Газа, ние сме силен народ“

59





Членот на политичкото биро на Хамас, Гази Хамад, денеска изјави дека палестинската милитантна група е подготвена за какво било потенцијално распоредување на израелски војници во Газа.

„Не се плашиме. Ние сме силен народ. Решени сме да продолжиме. Имаме многу борци и има многу луѓе кои сакаат да не поддржат“, изјави Хамад за Ал Џезира.

Тој додаде дека „дури и луѓето на границите на Јордан, Либан и насекаде, сакаат да дојдат овде и да се борат за нас“.

-Од почетокот на оваа операција, испративме 1.200 борци кои успеаја да го уништат имиџот на Израел, безбедноста на Израел, израелските разузнавачки служби и сликата дека Израел е суперсила, рече Хамад.

МИА

– Реклама –








ПредходнаСлавењето на нападот на Хамас во Германија укажува дека дозволила премногу странци да влезат во земјата
СледнаИзгубивме година и пол на уставните измени иако се знаеше дека нема две третини во парламентот