Home Македонија Царинска управа запленила четири златни алки со вредност од 586 илјади денари (ФОТО)

Царинска управа запленила четири златни алки со вредност од 586 илјади денари (ФОТО)

0
Царинска управа запленила четири златни алки со вредност од 586 илјади денари (ФОТО)





Запленети се четири златни алки вредни 586.224 денари со вкупна тежина од 77,5 грама, откако биле пронајдени во женска чанта, при детална контрола на патничко возило на граничниот премин „Богородица“, на влез во државата.

-Патничката која патувала како совозач не ги пријавила алките кај царинските органи, и таа со возачот и уште четири лица на влез во државата на прашањето дали имаат нешто да пријават одговориле дека немаат ништо, се наведува во денешното соопштение на Царинската управа.

Против лицето е поднесена кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“ казниво по член 278 од Кривичниот законик.

– Реклама –








LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here