дома Македонија Ковачевски да не се крие под фустанот на ДУИ и да излезе...

Ковачевски да не се крие под фустанот на ДУИ и да излезе да се соочиме на избори

57

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска го повика премиерот Димитар Ковачевски да излезе на избори за, како што рече, да се соочат пред граѓаните.

Одговарајќи на новинарски прашања од Општина Аеродром, прашан како ја коментира изјавата на Ковачевски дека СДСМ убедливо ќе победат на избори, Мицкоски рече дека има еден начин тоа да се докаже – да излезат на избори.

„Чудна смисла за хумор има Ковачевски, морам да признам. Но, има само еден начин тоа да го покаже и докаже, наместо како кукавица да биде под фустанот на коалициониот партнер ДУИ, нека излезе на избори и ќе видиме кој кого ќе победи и какви ќе бидат резултатите“, одговори Мицкоски.

Тој оцени дека „има мали карактери кај кои што проработува филозофијата на нивната фрустрација и честопати знаат таа фрустрација и во јавност да ја артикулираат“.

Прашан да ја искоментира изјавата на Али Ахмети дека ДУИ не прифаќа лидерска средба, Мицкоски рече дека и да не прифатат, роковите за избори ќе дојдат.

„Ако не прифаќаат лидерска средба, роковите ќе дојдат. Уставот и законите се немилосрдни. За неколку месеци од денеска почнуваме со кампања за претседателските избори што треба да се случат оваа пролет. Така што дали датумот ќе биде утврден со лидерска средба или по насилен пат во ред. Тоа е нивна одлука. Ние ценевме дека е државнички пристапот да седнеме како што сега било пракса повеќе од три децении да се утврдат датумите за да не влеземе потоа во еден вид политичка и уставна криза. Цениме дека како опозиција треба да бидеме државотворни и одговорни за иднината на Македонија“, рече Мицкоски.

Додаде дека доколку Владата не цени дека треба да седне со најголемата опозоциска партија на маса, тогаш дека и тоа ќе го прифатат.

МИА

– Реклама –

ПредходнаБи сакал Србија да разбере и да преболи дека Косово е независна држава, но…
СледнаТврдењата за нови барања од Бугарија се пропаганда на опозицијата