дома Црна хроника Косовци се превртеле со „фиат браво“ на патот Тетово-Јагуновце, па биле пренесени...

Косовци се превртеле со „фиат браво“ на патот Тетово-Јагуновце, па биле пренесени во болница – полицијата на увидот пронашла оружје, па ги сместило зад решетки!

60

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против еден косовски и еден македонски државјанин, кои се осомничени за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Двајцата, во патничко возило „фиат браво“ со косовски регистарски ознаки, неовластено држеле пиштол марка „Црвена застава“ со една рамка во која имало 4 куршуми со калибар 6.35 мм, како и пиштол „ЕRМА WERKE“. Оружјето било пронајдено на 10 октомври кога двајцата осомничени со возилото учествувале во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово-Јажинце. Во несреќата возилото излетало од патот и се превртело, осомничните со телесни повреди биле пренесени во болница, а при извршениот увид полициските службеници го пронашле оружјето во возилото.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Тетово поднесе предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Судијата го прифати предлогот и им определи притвор во траење од по 30 дена.



Предходна„Ви благодариме за џихадот и добрата работа“
СледнаВладата најостро демантира дека на одбележувањето на 11 Октомври наместо државната е пуштена партиска химна