дома Магазин Платил 2 долари, а освоил 1,73 милијарди на американската лотарија „Пауербол“

Платил 2 долари, а освоил 1,73 милијарди на американската лотарија „Пауербол“

54

Американец од Калифорнија го освои вториот најголем џекпот во историјата на американската лотарија „Пауербол“ (Powerball), освојувајќи 1,73 милијарди долари.

Добитничките броеви се 22, 24, 40, 52, 64 и „Пауербол“ бројот 10. Џекпотот може да се исплати на рати во период од 30 години, но повеќето Американци ја бираат втората опција – исплата во готово веднаш, што значи дека играчот добива 756,6 милиони долари, минус даноците.

Единствената поголема награда на американската лотарија беше освоена во ноември лани, кога изнесуваше 2,04 милијарди долари.

„Пауербол“ се игра во 45 американски сојузни држави. Во повеќето од нив, лозот чини два долари и играчите сами си ги бираат броевите, или пак, може и да побараат компјутерот да го направи тоа за нив.



ПредходнаЗапочна фестивалот ВиноСкоп 2023 | NetPress
СледнаИсчезнат маж пронајден починат во Пирва, валандовско