дома Економија Покрај цигарите, нова поскапа цена и за витамините за трудниците и додатоците...

Покрај цигарите, нова поскапа цена и за витамините за трудниците и додатоците во исхраната за доенчињата и децата!

54

А со зголемување на акцизата за цигарите од утре ново поскапување за 5 денари по кутија, а со него Владата планира во буџетот да собере 13 милиони евра. Но со оглед на динамиката на зголемување на акцизата согласно законот кое ќе трае до 2030 година или во наредните 6 години ново поскапување за пушачите со уште 5 денари се очекува веќе на почетокот на новата година, објавува телевизија Телма.

Но тоа не е единствениот производ кој поскапува… Денеска се очекува да биде објавена листата на производи на кои им се покачува ДДВто од 5 на 10 отсто, а на сила стапува во петок.

Од утре нови, повисоки цени се очекуваат и кај суплементите меѓу кои и кај витамините за трудници и додатоците на исхрана неопходни за раст и развој на доенчиња и деца.

По повисока цена ќе се продаваат и мултивитамини и други додатоци во исхрана како и препарати за вознемиреност или несоница.



ПредходнаИсчезнат маж пронајден починат во Пирва, валандовско
СледнаПриведен дилер во Свети Николе, кај негосе пронајдени екстази, марихуана…