дома Свет 650.000 луѓе во Газа се соочуваат со страшен недостиг на вода

650.000 луѓе во Газа се соочуваат со страшен недостиг на вода

45





Израелското бомбардирање на Газа срамни 1.000 домови од саботата и многумина на територијата се соочуваат со страшен недостиг на вода, гориво и медицински материјали, соопшти хуманитарната канцеларија на ОН.

Уште 560 станбени единици се сериозно оштетени и се непогодни за живеење, а најмалку 12.600 домови претрпеа штета поради израелските воздушни напади, пренесува Ал Џезира повикувајќи се на агенцијата на ОН.

Агенцијата соопшти дека сите 13 болници на територијата се само делумно оперативни поради големиот недостиг на гориво и клучните медицински материјали. Се вели дека намалувањето на залихите на вода поради заострувањето на опсадата на Израел резултирало со страшен недостиг на вода за повеќе од 650.000 луѓе на територијата од 2,3 милиони жители.

Уништени се канализациските системи, што исфрла непријатна отпадна вода на улиците и претставува опасност по здравјето.

МИА

– Реклама –








ПредходнаДизелот од полноќ поевтинува | NetPress
СледнаСпоред моите сознанија, процесот ќе заврши успешно