дома Црна хроника Обвинителство поведе постапка против 21-годишен возач кој усмрти дете на „Пластичарска“

Обвинителство поведе постапка против 21-годишен возач кој усмрти дете на „Пластичарска“

60

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 21-годишен скопјанец кој вчера попладне удри десетгодишно дете на булеварот „Никола Карев“, познат како „Пластичарска“ и побегна од местото на несреќата.

Како што информираат од Обвинителството, возачот е осомничен за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и за „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“.

Според Обвинителството, осомничениот, на 12 октомври, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, движејќи по булеварот „Никола Карев“ во насока од исток кон запад, управувал автомобил Мерцедес Е 320 и брзината на движење не ја приспособил спрема својствата и состојбите на патот, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови, така што да може навремено да го запре пред секоја пречка што под дадените услови да може да ја предвиди.

– Со предниот дел од возилото удрил во телото на пешак – дете родено 2013 година кое како пешак попречно го поминувало коловозот надвор од обележан пешачки премин. Од повредите здобиени при сообраќајната несреќа детето починало на Ургентниот центар, а осомничениот, без да укаже помош на повреденото лице го напуштил местото, стои во соопштението од ЈО.

Оттаму дополнуваат дека, ценејќи ги сите околности, надлежниот јавен обвинител му предложил на судот да определи мерка куќен притвор за осомниченото лице, а дополнително и мерки на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино издавање и привремено одземање на возачка дозвола односно забрана за нејзино издавање.



ПредходнаПочина првата Луис Лејн, вечната љубов на Супермен
СледнаШест малолетници пријавени во полиција во Кавадарци за злоупотреба на фотографии од девојчиња