дома Магазин Почина првата Луис Лејн, вечната љубов на Супермен

Почина првата Луис Лејн, вечната љубов на Супермен

57

Американската актерка Филис Коутс, можеби најпозната како „првата Луис Лејн“, почина на 96 години.

Актерката родена како Џипси Ен Евартс Стел го глумеше ликот на Луис – партнерката на Џорџ Ривс во црно-белата ТВ-серија „Авантурите на Супермен“ и во неколку „Супермен“ продолженија.

Лора Прес, нејзината ќерка, потврди за „Холивуд репортер“ дека нејзината мајка починала на 11 октомври од природна смрт во Вудленд Хилс, населба во Лос Анџелес.

Коутс зад себе има 145 филмски и ТВ-улоги.



ПредходнаГостиварец сакал да пренесе пиштол во Швајцарија преку аеродромот во Скопје
СледнаОбвинителство поведе постапка против 21-годишен возач кој усмрти дете на „Пластичарска“