Повозрасен Американец во петокот ја признал вината за кражбата на чифтот темноцрвени чевлички коишто Џуди Гарланд ги носи во филмот „Волшебникот од Оз“ пред речиси 20 години.
Чевлите со светки и црвени каменчиња, неизбришливо поврзани со ликот Дороти којашто со нив тупка додека зборува „нема подобро место од дома“, беа украдени во 2005 година од музејот на Џуди Гарланд во родниот град на актерката Гранд Рапидс, во сојузната држава Минесота.
Обувките се пронајдени во операција на американското Федерално биро за истраги (FBI) во 2018, година, а сега 76-годишниот Тери Мартин е обвинет за кражбата во мај годинава.
Мартин се изјаснил за виновен по една точка од обвинението за кражба на големи уметнички дела и останува на слобода до датумот на изрекување на пресудата која сѐ уште не е одреден, соопшти канцеларијата на американското Министерство за правосудство во Северна Дакота.
Мартин во петокот на судот во Минесота рекол дека со чекан го скршил куќиштето од плексиглас и ги украл чевлите, бидејќи погрешно верувал дека се направени од скапоцени рубини.
Обвинителите препорачале Мартин, кој на судот се појавил во инвалидска количка со боца со кислород, да не служи никаква казна во затвор.
Споменатите чевли се меѓу четирити чифта коишто Гарланд ги носела во текот на снимањето на омилениот на многу генерации филм од 1939 година.
Во моментот на кражбата, чевлите боле осигурани на милион долари, но нивната моментална вредност се проценува на околу 3,5 милиони долари.