дома Магазин ВИДЕО и ФОТО| Мадона ја почна турнејата по опасната болест

ВИДЕО и ФОТО| Мадона ја почна турнејата по опасната болест

58

Американската поп-икона Мадона во саботата во Лондон ја започна турнејата под насловот „Celebration“, со настап кој докажа дека нејзината енергија, харизма и склоност кон контроверзии малку ослабнеле по четиридецениската кариера на суперѕвезда и средбата со смртта претходно годинава.

Изведбата на најголемите хитови на 65-годишната пејачка беше одложен од јулските датуми, откако Мадона беше хоспитализирана на оддел за интензивна нега поради сериозна бактериска инфекција.

„Навистина сум изненадена што дотуркав толку далеку. И мислам на толку многу нивоа“, им се исповеда на обожувачите во лондонската „О2“ арена.

Носејќи корсет и синџири кои го дефинираа нејзиниот пробив на музичката сцена, ја отпеа „Into The Groove“ пред проблемите со звукот да ја натераат да зборува за своите претходни борби во Њујорк.

Со обновениот хит „Holiday’ од 1983 година, повторно ја создаде хедонистичката атмосфера од њујоршките клубови пред пандемијата на СИДА-та, и им одаде почест на оние кои починале од болеста во меѓувреме.

Религиските слики прошарани со сексуалност, што Мадона ја издигнаа од поп-ѕвезда до културна икона на њујоршката сцена, беа заднината на изведбата на „Like a Prayer“, додека хитот „Vogue“ од 1990-те години сцената ја претвори во модна писта.

Мадона се осврна на ситуацијата на Блискиот исток, велејќи дека „во светот се случуваат многу луди работи за кои е болно да се сведочи“. „Иако срцата ни се скршени, нашиот дух не може да се скрши“, додаде.

Седумкратната добитничка на престижните музички наради Греми, го одложи северноамериканскиот дел од турнејата за почетокот на декември.

 



ПредходнаАвтомобил усмрти пешак на патот Кичево – Охрид
СледнаСерија на апсења во Скопје, на преминот „Свети Наум“ лишени од слобода двајца Французи