Британскиот актерски ветеран, сер Мајкл Кејн, го потврди своето повлекување од актерството по објавувањето на неговиот најнов филм.
„Постојано велам дека ќе се пензионирам. Па, сега сум тоа“, изјави за BBC 90-годишниот сер Мајкл.
Актерот добитник на престижните филмски награди Оскар, Златен глобус и Бафта има обемна филмографија, вклучувајќи класични филмови кои се движат од „Зулу“ и „Италијанска работа“ до поновите франшизи „Интерстелар“ и „Мрачниот витез“ покрај Кристијан Бејл. Се појави во повеќе од 160 филмови во текот на кариерата долга седум децении.
Во неговиот последен филм, „The Great Escaper“, кој беше премиерно прикажан на 6-ти октомври, тој го толкува ликот на вистинскиот ветеран од Втората светска војна, Берни Џордан, кој побегнал од старечки дом за да присуствува на прославите на Денот Д во Франција.
„Единствените улоги што можам да ги добијам сега се на 90-годишни мажи“, изјави Кејн за BBC Radio 4 и додава дека трипати го одбил филмот пред да ја прифати улогата, бидејќи се сметал себеси за веќе пензиониран.
Романот на Мајкл Кејн „Deadly Game“ (Смртоносна игра) треба да излезе следниот месец. Романот ги следи авантурите на инспекторот Хари Тејлор, детектив кој не ја почитува бирократијата и политичката репутација.
„Со години имам амбиција да напишам трилер. Тоа е жанрот што најмногу сакам да го читам и навистина бев инспириран од работата на Deadly Game и повторно здружување со (издавачот) Hodder за да го објавам“, додаде тој.