СВР Куманово поднесе кривична пријава против 23-годишниот Б.М. од село Студеничани, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти’’.
Во петокот, 13.10.2023, на делот од автопатот од наплатна станица Романовце кон Граничниот премин Табановце, полициски службеници извршиле преглед во возилото „фолксваген бора“, кое го управувал, при што пронашле 12 лица мигранти од Сирија, од кои четири малолетници.