дома Македонија Земјите што ќе носат одлуки и ќе прават реформи први ќе влезат...

Земјите што ќе носат одлуки и ќе прават реформи први ќе влезат во Унијата

64

Оние што ќе носат одлуки и што ќе прават реформи први ќе влезат во ЕУ, а тие што нема да носат одлуки и што нема да прават реформи тоа ќе го сторат кога ќе се охрабрат и кога ќе имаат капацитетност тоа да го направат, изјави вечерва на прес-конференција во Тирана премиерот Димитар Ковачевски, кој учествуваше на Самитот на Берлинскиот процес.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали разговарал со холандскиот премиер Марк Руте за неговиот став да нема датуми и рокови за проширување, Ковачевски рече дека Холандија е голем пријател на нашата земја, но и дека оние земји што ќе бидат подготвени ќе влезат побрзо во Унијата.

„Премиерот на Холандија Марк Руте е голем пријател на нашата држава и Холандија и неговите ставови се секогаш јасни. Кога зборуваме за проширувањето, многу јасна беше и изјавата претходно во Блед и подоцна на претседателот на Европскиот совет и на другите лидери дека тие сакаат да ја подготват Европската унија за проширување до 2030 година, што значи дека реформите треба да се одвиваат во земји – членки во самата Унија за да може да функционира за важни прашања за нивното интерно оперирање со повеќе земји членки. Меѓутоа останува фактот дека оние што ќе бидат подготвени, тие ќе влезат побрзо, оние што нема да бидат подготвени ќе влезат подоцна така што не постои рок за сите земји одеднаш туку тие кои што ќе бидат подготвени да влезат во ЕУ тие ќе влезат, тие што нема да бидат подготвени тие нема да влезат“, рече премиерот.

Посочи дека земјава е карактеристичен пример бидејќи ние го започнавме нашиот кандидатски статус заедно со Хрватска, која беше дел од Западен Балкан, а денес е земја-членка на Европскат унија со воведено евро, дел од Шенген.

„Ние не сме за тоа затоа што ние не носевме одлуки. Имавме период од цела една деценија кога естаблишментотр сметаѓше дека не треба да се носат одлуки за пристапување кон ЕУ и резултатот го гледаме. Така ќе биде и во иднина. Оние што ќе носат одлуки, што ќе прават реформи први ќе влезат во ЕУ, оние што нема да носат одлуки и што нема да прават реформи тоа ќе го сторат кога ќе се охрабрат и кога ќе имаат капацитетност тоа да го направат“, рече Ковачевски во Тирана.

За пораките од европските лидери упатени на Самитот што се однесуваа на реформите во земјите од Западен Балкан рече дека тие се согласно неговите убедувања и веќе истакнати заложби. Ковачевски рече дека повеќе пати нагласил дека добрососедските односи и реформи се основа на интеграцијата на регионот во Европската унија.

„Доколку регионот биде обременет постојано со конфликтите од минатото, доколку цело време постојат политички сили кои исклучиво гледаат во нешто што се случувало пред 70 години, доколку шесте држави oд Западен Балкан се свртени кон минатото, а не се свртени кон иднината тогаш секако такви пораки ќе доаѓаат од ЕУ. Ако ги земеме почетоците на Европската унија пред 70 години каде што исто така шест држави ја имаа почнато ЕУ, погледнете ги нивните истории какви биле и во Втората светска војна и во Првата светска војна и во вековите пред тоа. Но тие ги надминале своите разлики“, рече Ковачевски на прес-конференцијата.

Тој посочи дека Западен Балкан треба да гледа како овие земји во минатото надминале конкретни прашања за денес имаат Унија која што е најголем светски пазар, најбогат светски пазар и организација во која што сакаат да се приклучат на други змеји членки. Според него, пораките се јасни.

„Конечно агендата, прашањето за проширување го има високо на својата агенда. Ако досега проширувањето беше интерес на земјите аспиранти денес проширувањето е интерес и на самата Европска унија. ЕУ веќе започна својот процес на дискусија за внатрешни реформи, по односно функционирањето на унијата со повеќе земји членки, по пристапување на оние коишто ќе бидат подготвени и не случајно го кажувам тоа, на оние кои ќе бидат подготвени, бидејќи се работи за одлучување во основа на достигнување и секоја земја-членка согласно своите реформите што ги прави, согласно одлуките кои ги носи така ќе се приклучува во Европската унија“, одговори Ковачевски на новинарските прашања.

Извор: МИА

– Реклама –

ПредходнаЕУ мора да го награди напредокот на Северна Македонија
СледнаВоздушен напад во близина на преминот Рафа