Home Свет Хезболах ќе се соочи со смртоносен одговор доколку продолжи со прекугранични напади врз Израел

Хезболах ќе се соочи со смртоносен одговор доколку продолжи со прекугранични напади врз Израел

0
Хезболах ќе се соочи со смртоносен одговор доколку продолжи со прекугранични напади врз Израел





Портпаролот на израелската армија контраадмирал Даниел Хагари, денеска изјави дека либанската проиранска екстремистичка група Хезболах ќе се соочи со смртоносен одговор доколку продолжи со прекугранични напади врз Израел.

„Хезболах, кој е контролиран од Иран и добива помош од официјален Техеран, изврши бројни напади вчера за да се обиде да ги пренасочи нашите оперативни напори (далеку од Појасот Газа), притоа загрозувајќи ја државата Либан и нејзините граѓани“, рече Хагари на прес-конференција.

Тој потврди дека израелската армија го зголемила присуството на северната граница и агресивно одговара на секоја непријателска активност.

МИА

– Реклама –








LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here