дома Популарно Светот да се обедини за да го победи Хамас, исто како што...

Светот да се обедини за да го победи Хамас, исто како што ги победи нацистите и Исламска држава

62

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека светот мора да се обедини за да го победи Хамас, како што претходно се обедини за да ги победи терористите на Исламската држава (ИД) или нацистите, пренесува Гардијан.

Во своето обраќање во Кнесетот, Нетанјаху истакна дека израелскиот народ е обединет во својата цел да победи.

Нетанјаху кажа ека ќе има истрага за разузнавачките и безбедносните неуспеси што им дозволија на палестинските милитанти на Хамас да извршат таков разорен напад на 7 октомври, при што беа убиени повеќе од 1.300 лица и ранети речиси 4.000, додека се уште се киднапирани околу 200 заложници.

Во говорот во израелскиот Кнесет тој нагласи дека светот мора да се обедини за да го порази Хамас.

-Оваа војна е и ваша војна“, нагласи израелскиот премиер.

Тој додаде дека сега многумина ширум светот разбираат со што се соочува Израел.

-Тие разбираат дека Хамас претставува нова верзија на нацизмот. Како што светот се обедини за да ги победи нацистите и Исламската држава, така мора да се обедини за да го порази Хамас, кажа израелскиот премиер.

Нетанјаху оцени дека израелската војна против терористичките групи во Појасот Газа е егзистенцијална битка против силите на темнината.

-Хамас е дел од оската на злото на Иран и Хезболах. Тие имаат за цел да го втурнат Блискиот Исток во бездната на хаосот, нагласи Нетанјаху.

Американските медиуми прен есуваат дека во говорот тој ги предупреди и Иран и Хезболах да не ја тестираат трпеливиста на неговата земја со напади на северот.

-И по 75 години војната за независност не е завршена. Ќе победиме, бидејќи нашето постоење овде се доведува во прашање, рече израелскиот премиер во обраќањето на отворањето на зимската сесија на израелскиот Кнесет.

МИА

– Реклама –

ПредходнаПознат идентитетот на скопскиот насилник: Ја претепал својата бремена сопруга, настанала смрт кај плодот
СледнаOсмани сака да го врати Груевски, за да го загрози македонскиот идентитет