дома Магазин Моделот на ловецот „X-wing“ од „Војна на ѕвездите“ продаден за над 3,1...

Моделот на ловецот „X-wing“ од „Војна на ѕвездите“ продаден за над 3,1 милиони долари

66

Одамна изгубениот модел на ловецот „X-wing“ од филмот „Војна на ѕвездите“ од 1977 година е продаден за повеќе од 3,13 милиони долари на аукција во неделата, објави CNN.

Користен при снимањето на последната битка во „Војна на ѕвездите IV: Нова надеж“ додека Бунтовничката алијанса се бореше против Империјата на Ѕвездата на смртта, моделот е еден од најдобрите „реквизиите за ‘Војна на ѕвездите’ што се појавија на пазарот“, според аукциската куќа Heritage Auctions со седиште во Далас.

Овој и други модели беа дизајнирани од тимот на „Industrial Light & Magic“, добитник на Оскар, според основните спецификации на режисерот Џорџ Лукас, кој сакал да создаде јасни форми за публиката да може да прави разлика меѓу оружјето на Алијансата и Империјата.

Моделот е дел од колекцијата која му припаѓала на покојниот Грег Џејн, креатор на минијатури номинирани за Оскар и Еми. Тој беше познат по неговата работа на „Ѕвездени патеки“ и „Блиски средби од трет вид“.

На аукцијата во неделата беа прикажани неколку други предмети од „Војна на ѕвездите“ од личната колекција на Џеин, вклучувајќи го и комплетниот костим на „Stormtrooper“ кој беше продаден за 645.000 долари.



ПредходнаУСЈЕ продолжува со инвестиции согласно највисоките ЕСГ стандардите – над 6 милиони евра се вложени во иновации и развој
СледнаУСЈЕ продолжува со инвестиции согласно највисоките ЕСГ стандарди – вложени над 6 милиони евра во иновации и развој